Се исплашија од Русија? Гутереш апелира: Да го елиминираме нуклеарното оружје, пред тоа да го елиминира човештвото
Генералниот секретар на Обединети Нации, Антонио Гутереш, на почетокот на тридневната конференција во Виена, упати апел за нуклеарно разоружување.
На конференцијата учествуваат претставници од околу 80 земји, кои го потпишаа меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје.
Да го елиминираме тоа оружје пред истото да не елиминира нас. Сегашниот глобален нуклеарен арсенал од околу 13.000 нуклеарни боеви глави е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на конфликтите и недовербата што ја има во светот – наведе Гутереш на Конференција преку видео врска.
Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер, го опиша Договорот за забрана на нуклеарното оружје како пресвртница. Договорот, кој стапи на сила во јануари 2021 година, ги обврзува земјите да не се занимаваат со никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.
Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, ја истакна итноста за целосно нуклеарно разоружување. Австрија е еден од иницијаторите на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, што стапи во сила во јануари 2021 година.
Договорот за забрана на нуклеарното оружје досега е потпишан од 86 земји и ратификуван од 65. Целта е да се надгради Договорот за неширење нуклеарно оружје, што стапи во сила во 1970 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…
Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…
Во Тирана уапсени дилери на дрога и…
Во акција на албанската полиција против шверц…
БОМБА од Запад! Лондон, Париз, Вашингтон и…
Велика Британија, Франција, САД, а сега и…
Мојсоска: Наместо чистка на нелегалното оружје, ДПМНЕ…
Наместо чистка на нелегалното оружје, ДПМНЕ ја…