Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска цена за парно греење. Дали намалувањето ќе биде поголемо или помало зависи дали ќе продолжи државното субвенционирање или не. Доколку продолжат субвенциите, за околу 60 000 корисници намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно. За 1,71 отсто се намалува цената за потрошувачите на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.
Ова го соопшти на денешната прес конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и дека тој смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.
Како што посочи претседателот на РКЕ, од новите пресметки на цената за испорака на топлинска енергија не биле задоволни трите компании на ЕСМ, како и ЕСМ Енергетика, а дел од нив најавиле дека одлуките на Регулаторна ќе ги обжалат на Управен суд.
Бислимовски рече дека очекува конечно ЕСМ да го постави цевководот под мостот „Беласица“, кој беше опожарен пред повеќе од една година што ќе овозможи што повеќе топлинска енергија да се испорачува од „Те-То“, која е за 30 отсто поевтина отколку цената на топланите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…