Се одложува утрешното рочиште за Пулс
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со К.бр.1872/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 19.02.2026 година се одлага заради влошена здравствена состојба на обвинетиот Г. М. кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани.
Во текот на денешниот ден, Претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување кои го известија дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на оваа главна расправа, но уверуваат дека неговата здравствена состојба ќе се подобро и истиот ќе може да продолжи да ја следи главната расправа.
Поради економичност на постапката и не би се предизвикале дополнителни трошоци Претседателот на совет за одлагањето на расправата ги извести сите бранителите, полномошниците на оштетените, законските застапници на оштетените, сведоците, надлежните Казнено поправни установи и надлежните Полициски станици.
Воедно странките се известени дека сите, веќе дадени последователни термини остануваат во сила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се одложува утрешното рочиште за Пулс
Заради интерес на медиумите и невладините организации…
Братот на газда Деко од затвор врши…
Со сослушување сведоци и законски застапници на…
Доктори од софиската болница „Пирогов“ добија признание…
Лекари од Универзитетската болница за активен третман…
Шилегов бара запирање на судењето за Пулс…
Петре Шилегов, бранител на еден од обвинетите…
Поднесени обвиненија против полициски службеници за пожарот…
По спроведена обемна истражна постапка во која…