Шилегов бара запирање на судењето за Пулс и повлекување на дел од обвиненијата!

t

Петре Шилегов, бранител на еден од обвинетите за Пулс, денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Според него, државата троши огромни финансиски средства за судски процес кој, како што оцени, може да биде правно неоснован.

Шилегов се повика на одлуката на ОЈО ГОКК поврзана со истиот кривично-правен настан, во која за седум лица, полициски службеници, е отфрлена истрагата за тешки дела против општата сигурност. Во образложението, како што посочи, било утврдено дека не постои директна причинско-последична врска за нивното непостапување, поради што тие би можеле да одговараат единствено за злоупотреба на службена положба, кривично дело кое веќе е застарено.

Според Шилегов, истата правна логика треба да се примени и во овој случај, поради што тој го повика судот и обвинителството сериозно да го преиспитаат својот став, оценувајќи дека постои контрадикторност во постапувањето и дека за дел од обвинетите треба да се повлече обвинението.

Судијката Диана Груевска Илиевска изјави дека Судот е запознаен со брифингот на ОЈО ГОКК и дека е побарана соодветната одлука, но нагласи дека додека не се произнесе надлежното обвинителство во овој предмет, судењето мора да продолжи.

На наводите на одбраната реагираше обвинителот Борче Јанев, кој ги оцени како преуранети и несоодветни за конкретниот предмет. Тој посочи дека Обвинителството сè уште нема увид во одлуките на ОЈО ГОКК, нагласувајќи дека во овој случај не станува збор за полициски службеници, туку за лица со сосема различни функции и овластувања. Јанев додаде и дека одлуките на ГОКК не се конечни, бидејќи против нив може да се поднесат жалби од оштетените и сè уште не се правосилни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…

Здружението на родителите на загинатите деца во…

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…