Се отвора патот за Бугари во устав – на Мицкоски другарчињата ослободени за случајот „Делчевски ниви“

t

Постапката е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, од кој клучен е претставник на Владата на Ковачевски.

Претходно Инфомакс пишуваше дека случајот „Делчевски ниви“ е еден од условите за Мицкоски да се согласи за промена на уставот со цел внесување на Бугарите во Уставот.

Меѓу осомничените беа и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски -Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево.

Според истрагата, парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен.

Меѓутоа случајот со препродажбата на ниви во Источна Македонија познат во јавноста како „Делчевски ниви“ денска пропадна. Наместо предметот да се движи кон обвинителен акт се урна благодарение на пресвртот што го направиле сведоци менувајќи го исказот. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје тврди дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и да ја затвори истрагата.

Да потсетиме дека со измените на КЗ претходниот месец се амнестираа дестина високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеници во собранието.

Очигледно дека патот за менување на Уставот и внесување на Бугарите во Уставот се отвора и дали ова е еден од последните услови на пазарењето на Мицкоски за да гласа за менување на Уставот останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…

Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…

Tројца Бугари осомничени за сквернавење на споменик…

Три лица од Бугарија се осомничени за…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав…

Погубна е реториката  „народот на Македонија" наместо…