Се отчленив од ВМРО-ДПМНЕ, па законот не е прекршен при моето именување – вели новиот директор на АНБ, Бојан Христовски

t

Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски, гледајќи ги околностите во државата околу безбедносната состојба и неефикасното работење на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесе одлука за промена на претходниот директор и за мое именување, рече новоименуваниот директор на АНБ, Бојан Христовски, во интервју за емисијата „Код“ на ТВ Телма прашан како успеал и што било пресудно за да стане прв човек на Агенцијата.

Најголемата критика за именувањето на Христовски е тоа што до неодамна тој беше член на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Градскиот комитет за Скопје. Партиската кариера, според тврдењата, тој ја завршил во декември минатата година, па на новинарска констатација дека е спротивно на законските одредби член или функционер на партија да стане директор на АНБ, Христовски одговори дека Законот за АНБ во неговиот случај не е прекршен.

„Согласно законот, не е дозволено членување во политички партии за ниту еден од вработените. Исто како што е во МВР. Во моментот на моето именување и претходно при моето, условно кажано, враќање во МВР во декември 2023 година, односно одреден период претходно, со пополнување формална изјава, со барање до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, се изземав, односно се отчленив, од партијата“,рече Христовски.

Прашан како ќе постапи кога ќе му се јави доскорашниот партиски шеф, а сегашен премиер и побара нешто да направи како директор на АНБ, Христовски одговори дека секогаш бил самостоен во своето работење и одлучување.

„Се што е во рамките на законот ќе биде изработено строго во рамките на законот и подзаконските акти на АНБ. Луѓе може да бараат, може да има секакви побарувања. Тоа што ќе биде преземено од моја страна и донесено како одлука секако секогаш ќе биде во рамките на правилата тука, на законските прописи и во склоп на вредностите на оваа држава односно темелите на кои ние се потпираме, а тоа е припадност кон НАТО-алијансата и вредностите на Европската Унија“,рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се отчленив од ВМРО-ДПМНЕ, па законот не…

Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски,…

Зеленски го обелодени Планот за победа

Откако украинскиот претседател Зеленски ја заврши турнејата…

Руски турист по грешка заталкал во воен…

Во германскиот град Гарделеген се случил интересен…

(Видео) Трамп не застанува, овој пат пржи…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пржеше и…

Осман Кадриу за Балансерот: Уставниот суд донесе…

Одлуката на Уставниот, според која произнесувањето на…