Осман Кадриу за Балансерот: Уставниот суд донесе „правен хаос“

t

Одлуката на Уставниот, според која произнесувањето на етничката припадност при вработување во администрацијата се смета за неуставно, донесе „правен хаос“. Освен тоа, одлуката е донесена врз основа на политички елементи и со надгласување на судиите немакедонци.

Ова во интервју за емисијата „Програми 200“ (што ќе се емитува денеска во 21:40 на Алсат) го изјави Осман Кадриу, судија во Уставниот суд.

Г. Кадриу исто така рече и дека укинувањето на законите „чисто на национална основа“ ја прави оваа одлука нелегитимна. Тој бара уставни измени со кои во Уставниот суд ќе се гласа со принципот на „Бадентер“, бидејќи законите кои се однесуваат на правата на заедниците се регулираат по принципот на двојно мнозинство.

Г-дин Кадриу ги поздравува иницијативите за усвојување на закон за правична застапеност, за кој вели дека нема да се коси со одлуката донесена пред некое време, а која се однесува на спомнувањето на етничката припадност при вработување во администрацијата. Тој, истотака, го смета за позитивно тоа што законот претходно ќе биде испратен до Венецијанската комисија, за чии одлуки вели дека се само советодавни. Во минатото Северна Македонија во неколку наврати не ги спроведуваше препораките на оваа комисија за други закони.

Осман Кадриу заедно со уште двајца уставни судии имаат одвоено мислење за укинувањето на законите кои се однесуваат на Балансерот, и што на почетокот на неделата ќе биде објавено во службен весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…