Објавено на:

Се подготвувала голема местенка: Црногорската полиција најде изборен материјал и лични карти пред утрешните избори

t

Полицијата во Црна Гора вечерва спроведе акција на повеќе локации со цел да спречи злоупотреби во пресрет на претседателските избори што ќе се одржат утре.

Како што јавува РТЦГ, во еден од претресите полицијата пронашла изборен материјал со имиња и етикети, додека во другиот избирачки списоци и копии од лични карти.

„Црногорската полиција во соработка со државното обвинителство спроведе активности во повеќе градови за откривање и спречување на потенцијални кривични дела поврзани со злоупотреба на изборниот процес, а извршени се и претреси на повеќе локации и прибрани се известувања од повеќе лица. “, се наведува во објавата на Твитер.

Граѓаните утре ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање, актуелниот шеф на државата и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ и претседателот на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема победа на СНС во Белград: Листата…

Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…