Се породи 60 годишна жена со бебе зачнато со ин витро во болница во Штип

t

На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура.

„Историски ден и за нашиот тим. Здраво машко бебе дојде денес на свет со тежина од 3200 грама, зачнато кај нас, со следена бременост во нашата болница“, пишува во соопштението на болницата „Д-р Органџиски“.

Оваа родилка е една од највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60-годишна возраст, ја донесе својата прва рожба.

Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори.

„Силната желба за бебе и нашите професионалци во целиот процес беа идеален спој, за и оваа семејна сторија да успее: Бременоста ја постигнавме во нашата болница, по успешно спроведена ин витро постапка со донирани јајце клетки.

Пред ин витро процедурата на пациентката ù имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум – преграда во матката. Повеќе години пред лекувањето пациентката немаше менструални циклуси.

Целиот процес на лекување и самата ин витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија.

Целата бременост беше следена во нашата болница и целокупната бременост протече сосема нормално“, истакнува за овој несекојдневен успех д-р Стојан Органџиски, директор на болницата „Д-р Органџиски“ и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водел бременоста на оваа среќна мајка.

Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, се породи денес во Софија. Штип за неа значи многу. Во болницата е зачнат ембрионот на нејзиното здраво бебенце, благодарение на професионалната умешност на д-р Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури.

За успехот и за вложените знаења и енергија, заслужен е и целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р Верица Органџиска и на главниот ембриолог во ин витро лабораторијата на болницата, Емилија Миовска.

„Среќа е да се подарат среќа и бебешки плач во уште еден дом! Успех е да се оствари најголемата желба на секоја жена – да се биде мајка! Во име на целиот тим на болницата „Д-р Органџиски“ на мајката и на новороденото синче им посакуваме многу здравје и семејна среќа во текот на целиот живот!“, велат од болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: Украинците може да го користат нашето…

Пентагон повтори дека украинскиот напад во руската…

Умре царскиот орел што го спасија кочанските…

Угина царскиот орел што беше спасен од…

Македонци од Виена: „Не треба да носиме…

Голем број граѓани од Македонија купија карти…

Обрадор Лопез одби да го уапси Путин…

Мексиканскиот претседател во заминување Андрес Мануел Лопез…

За успешна идна соработка, и едно извинување

Преку 200 епизоди во живо на „Тешки…