Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани
Брод со 11 патници синоќа се преврте во Дунав кај српскиот град Бачка Паланка, а медиумите во Србија пренесуваат дека има и жртви. Според првите неофицијални информации, на бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин, за кој се претпоставува дека го управувал бродот.
Повеќе лица по превртувањето завршиле во вода, а спасувачите сè уште бараат неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен. На местото на несреќата се ангажирани и специјализирани екипи за спасување на вода од Србија и Хрватска.
Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално соопштение за причините за трагедијата откако ќе заврши истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се преврте чамец со 11 луѓе во…
Брод со 11 патници синоќа се преврте…
Алексис Ципрас поднесе оставка од функцијата пратеник…
Поранешниот грчки премиер, сега пратеник на опозициската…
Лавина во Словенија затрупа хрватски планинари, најмалку…
Вчера наутро, снежна лавина го погоди врвот…
Хаос во Сингелиќ: Претепан голман на ФК…
Несакани сцени на насилство го одбележаа вчерашниот…
Заев му одговори на Мицкоски: Сети се…
Небулози, клевети и навреди се методите на…