Објавено на:

Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

t

Брод со 11 патници синоќа се преврте во Дунав кај српскиот град Бачка Паланка, а медиумите во Србија пренесуваат дека има и жртви. Според првите неофицијални информации, на бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин, за кој се претпоставува дека го управувал бродот.

Повеќе лица по превртувањето завршиле во вода, а спасувачите сè уште бараат неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен. На местото на несреќата се ангажирани и специјализирани екипи за спасување на вода од Србија и Хрватска.

Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално соопштение за причините за трагедијата откако ќе заврши истрагата.

https://www.instagram.com/p/DPcn6u4CFpG/?utm_source=ig_embed&ig_rid=9ec2d660-81ef-4a0d-9172-ce0258d97c98

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…