Се прегрупираат руските сили во Украина: Пристигнуваат нови 1300 чеченски доброволци

Москва испраќа воено засилување во украинскиот регион Харков, откако Киев соопшти дека нејзината прва голема украинска контраофанзива од пролетта оваа недела донела територијални придобивки.
Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, група од околу 1.300 борци од чеченските единици на Рамзан Кадиров пристигнала во регионот Керсон за да ги засили руските војници на украинските територии под нивна контрола, пренесува Танјуг.
Украинските трупи ги потиснаа руските сили од голем број населени места во регионот под контрола на Москва уште од првите денови на војната, а според извештаите од Киев во петокот, се чини дека украинската војска продолжува со брзото напредување.
Во петокот вечерта во видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските сили ослободиле повеќе од 30 населби во регионот Харков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…