Се препукуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Едните да ги покажат сметките, другите да го покажат Аудито
Мицкоски ја лаже јавноста, зошто не ги објави приватните сметки за патувањето на синот, реагираат од СДСМ во ново партиско соопштение.
– Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања – да ги објави сметките со кои тврди дека приватно го платил патувањето на синот.
Мицкоски го започна мандатот ветувајќи транспарентност и чесно работење, а сега очигледно е дека за приватни фамилијарни патувања користи државни пари. Ова е типичен пример за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, едно зборуваат друго прават.
ВМРО-ДПМНЕ ја крие и листата на делегацијата од преку 20 луѓе кои патувале во САД, очигледно една од причините е синот на Мицкоски.
СДСМ ќе поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер, да се види листата и да се дознае вистината, велат од опозициската партија.
Одговор стигна и од ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ бара од лидерот на СДСМ, Венко Филипче да ги даде уплатниците за возилото марка „ауди Q8“ и да каже како го набавил со плата. Од партијата преку соопштение истакнаа дека новиот лидер на СДСМ, го нема пријавенo џипот во својот анкетен лист.
-Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата? Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот. Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија. Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…