Се проширува истрагата за Кочани – Неофицијално приведен е Шабан Салиу
По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек, информираат од Основното Јавно Обвинителство од каде не споделуваат имиња за кои точно лица се приведени.
Неофицијално повикан на разговор е поранешниот директор на ДЗС, а сегашен министер без ресор, Шабан Салиу, како и неколкумина други поранешни функционери.
Како дел од истрагата за трагичниот пожар во Кочани во дискотеката „Пулс“ на 16 март во кој загинаа 61 лице, полицијата на информативен разговор ги повика поранешните министри за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…