Се работи на електронска патарина “Отворен Балкан”: Ќе овозможи заедничка наплата во Македонија, Србија и Албанија
Правните служби на три компании за наплата на патарина во Србија, Македонија и Албанија работат на подготовка на договор за експлоатација на електронската наплата на патарина на Отворен Балкан, а потпишувањето се очекува на почетокот на септември, изјави за Танјуг, Зоран Дробњак, директор на Патишта на Србија.
Според него, комплетниот развој на системот за електронска наплата како дел од Отворен Балкан е планиран за крајот на летото, односно крајот на септември годинава.
Дробњак објаснува дека „Електронската наплата на патарина на Отворен Балкан“ (Open Balkan ETC) всушност е работа на воспоставување единствен електронски систем за наплата во Србија, Македонија и Албанија.
„Во претходниот период поминавме низ техничките карактеристики на три системи за патарина, во Србија, Северна Македонија и Албанија. Утврдено е дека споменатите системи се во согласност со препораките и директивите на Европската комисија, која се занимава со наплата на патарините во Европската унија“, вели Дробњак.
Тој додава дека во моментов производителите на системи за наплата на патарини во трите земји – Институтот Михајло Пупин во Србија, Аселсан во Македонија и Аутострада во Албанија работат на подготовка на потпишувањето на договорот НДА.
Овие договори подразбираат меѓусебен договор за складирање и размена на податоци, како и за нивната доверливост.
„По потпишувањето на договорот за НДА, очекуваме и физичко тестирање на уредот за електронска наплата, ТАГ уред, преку платниот систем, чиј развој е во завршна фаза. Физичкото тестирање е планирано за август и септември, а потпишувањето на договорот се очекува на почетокот на септември“, вели Дробњак.
Тој наведува дека натамошните планови за електронска наплата како дел од споменатата иницијатива се да се прошират и во другите земји од Западен Балкан.
Додава дека со сегашниот предлог се планира граѓаните на Србија во Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 проценти со користење на уредот ОБ (Отворен Балкан), и обратно за граѓаните на Македонија и Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…