Се разведува поранешната финска премиерка Сана Марин

t

Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Маркус Раиконен, со кого долго беа заедно, а бракот им издржа три години.

Двајцата денеска веста ја соопштија преку социјалните мрежи.

– Благодарни сме за поминатите 19 години заедно и за нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели – напишаа Марин и Раиконен во одвоени објави на Инстаграм.

Премиерката во заминување и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг имаат петгодишна ќерка, а се венчаа во 2020 година, додека Марин беше на функцијата.

– Заедно ја живеевме младоста, заедно влеговме во зрелоста и станавме родители на нашата мила ќерка – напиша Марин на Инстаграм по нејзината венчавка со Раиконен во август 2020 година.

Политичарката и нејзината Социјалдемократска партија загубија на минатомесечните избори. Марин стана најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година, кога имаше 33 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин: Нема да има нуклеарно оружје на…

Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО…