Се реализира уште еден проект од програмата “За Модерно Скопје”: Започна реконструкцијата на улицата 808 во Гази Баба
Градот Скопје започна со градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба, која е под надлежност на градот, со што се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата За модерно Скопје. Реконструкцијата на оваа улица која е во катастрофална состојба е повеќедецениско барање од страна на граѓаните кои се движат во овој дел од градот, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.


– Улицата „808“ е една од пофреквентните сообраќајници која се наоѓа во индустриска зона, каде се движат и голем број на товарни возила. Минатиот месец на оваа локација се изврши целосна реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа. Покрај работа на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот.

Реконструкцијата се врши на потег од крстосницата со улица 16 Македонска Бригада (кај централната база на Противпожарната бригада) до крстосницата со булеварот Киро Глигоров. Градежните работи на улица „808“ ги изведува јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”. – објасни Арсовска.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…