Објавено на:

Се скараа најблиските соработници на Путин: Пригожин и Кадиров се препукуваат јавно, ама криејќи се зад други

t

Судирот меѓу „вагнеристите“ и „кадировците“ во Русија деновиве прерасна во низа сериозни јавни расправии, но во нив не учествуваат лично најблиските соработници на Путин во војната во Украина – Евгениј Пригожин и Рамзан Кадиров, туку нивните најблиски соработници, кои досега не се огласуваа.

Препукувањето, според анализите во западните медиуми, покажува длабоко меѓусебно оспорување и ривалство, па дури и навестува можност за некаков вид посериозни пресметки.

Откако Пригожин основачот на приватната војска „Вагнер“, со недели ги критикуваше првите луѓе на руската одбрана, судирот со Кадиров, за кои веќе има толкувања дека е прикриен судир со Путин лично, први го отворија претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов и пратеникот во Државната дума, Адам Делимханов. Во снимена видеопорака, Даудов рече дека Пригожин би бил „поставен пред ѕид“ во Втората светска војна поради ширење паника. Една од причините што ги испровоцира Чеченците е изјавата на Пригожин дека „не знаел што прави единицата „Ахмат“ на Кадиров на фронтот“, но негодувањето е поврзано и со неодамнешните критики на Пригожин, кои Чеченците сега ги нарекуваат „жалопојки“.

„Не заборавај, Жења, благодарение на кого имаш приватна воена компанија, авиони, хеликоптери, 50.000 војници… Ако продолжите по тој пат, нема да биде добро“, напиша на Телеграм првиот човек на чеченскиот парламент Даудов.

По него, пратеникот Делимханов му предложи на Пригожин „да ги решат прашањата лице в лице“. „

„Жења, не разбираш што прави единицата Ахмат? Не треба ни да разбереш, затоа што стана блогер и врескаш на целиот свет затоа што имаш само проблеми, немаш муниција“, вели Делимханов, кој исто така е на фронтот.

На ова не одговори лично Пригожин, туку неговиот долгогодишен соработник и според некои извори „вистинскиот“ командант и основач на „Вагнер“, Дмитриј Уткин, кој секогаш бил во сенка. Уткин беше командант на главната управа на Генералштабот на руските вооружени сили до неговото пензионирање во 2013 година, а веќе следната година ја основа платеничката група „Вагнер“, именувана по неговото воено кодно име.

Тој сега, во ретко појавување во јавноста, ја изрази својата подготвеност да разговара со Даудов како „човек со човек“ и изјави дека „двајцата се познавале уште од првата и втората чеченска војна“ – алудирајќи на фактот што Даудов во Првата војна се бореше против Русија, а во Втората ја смени страната и заедно со Кадиров војуваше на руска страна.

За „потсетувањето“ околу тоа кој бил заслужен за основањето на „Вагнер“, Уткин вели: „Од вас не добивме авиони, хеликоптери и ракетни системи“.

„Веќе сме во Третата светска војна и целосно се согласувам дека одредени луѓе треба да бидат ставени до ѕид – поради срамот што го предизвикаа“, напиша Уткин.

Набргу по Даудов и Делимханов, се огласи и Апти Алаудинов, командантот на специјалната чеченска единица „Ахмат“, кој се бранеше дека тие се „една од најборбените единици на контактната линија“, што рече дека го постигнуваат „без 50.000 војници, без авиони, тенкови, хеликоптери и сѐ што има Пригожин“.

На „кадировците“ потоа им се обрати и еден од командантите на „Вагнер“ со кодно име „Зомби“, кој рече дека „вработените во „Вагнер“ се револтирани од обвинувањата“ и дека „ги сфатиле како лична навреда“. Тој додаде дека „вагнеристите“ се подготвени да ја бранат „својата чест, достоинството и правдата“ со оружје во рацете и „до последната капка крв“.

Пригожин на „турнеја“ по Русија промовира мистериозен проект на „Вагнер“
Руските независни медиуми потсетуваат дека во меѓувреме портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврдил дека Владимир Путин и командантот на „Ахмат“ Алаудинов разговарале во средата. Не е познато дали Путин разговарал и со Пригожин за судирот и препукувањата со Чеченците.

Во меѓувреме, Пригожин е на „турнеја“ низ Русија. Руската опозициска веб-страница „Медуза“ наведува дека неговите изјави и однесувањето во последните недели наликува на она во политичка кампања, иако самиот Пригожин секогаш тврди дека не се занимава со политика. Формално, турнејата е поврзана со презентација на проектот „Вагнер“ – „Вториот фронт“, за кој во јавноста сѐ уште има многу малку информации.

Пригожин во своите настапи ги изнесува слични тези – дека војната ќе биде долга, дека итно е неопходно да се прогласи општа мобилизација, да се воведе добро управување со армијата, да се врати смртната казна и да се стрелаат дезертери. Тој бара да се воведе планирана економија и да се стави воен персонал на чело на сите компании од воената индустрија, така што и за нив ќе се применува смртната казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…