Се сретнаа Ковачевски и Курти: За Македонија Косово е еден од најважните трговски партнери
Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета и учество на Економскиот форум Делфи во Грција, одржа средба со својот косовски колега, Албин Курти.
Двајцата премиери ги оценија врските меѓу двете земји како исклучително добри и разговараа за дополнително интензивирање на соработката, за јакнење на економската соработка и за негување на добрососедски односи.
На средбата беше оценето дека заедничката седница на Владите на двете земји предвидена да се одржи во јуни годинава е дополнителен поттик за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка.
Ковачевски и Курти нотираа дека владите на земјите од Западен Балкан е неопходно да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот, во насока на подобрување на условите за живот и создавање на повисок животен стандард за сите граѓани.
За Македонија, Косово е меѓу најважните трговски партнери, а интензивирањето на соработката придонесува за стабилноста на целиот регион.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека Македонија останува силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена во таа насока да ги пренесе искуствата во сите области за кои Република Косово ќе искаже интерес на нејзиниот пат до членство во ЕУ и НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…