Се трага по дедо од Скопје – требало да се сретне со пријател, но не стигнал

t

Постар жител на општина Аеродром, Скопје, со иницијали Н.С. на 86 годишна возраст тргнал во посета на пријател во Велес, но за жал не стигнал на договорената локација. 

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, пријавата во полиција ја поднел пријателот од Велес со иницијали М.Д. на 75 годишна возраст. Тој укажал дека неговиот пријател не стигнал кај него, но притоа ниту бил најден во неговиот дом. 

– На 12.04.2024 во 17 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него. 

Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – соопштува МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…