Се трупа војска: Британија ја префрли командата на баталјонот на НАТО во Косово за поддршка на КФОР
Британското Министерство за одбрана ја префрли командата на армиски баталјон на НАТО за да може да обезбеди поддршка во Косово доколку е потребно, соопшти Министерството, пренесува Ројтерс.
„Поради моменталната ситуација на Косово, командата на првиот баталјон на полкот на кралската принцеза од Велс – резервните сили на НАТО за косовските сили (КФОР) – ја префрливме за да може да обезбеди поддршка доколку е потребно“, соопшти Министерството.
Одлуката на Велика Британија уследи по последните тензии на северот на Косово, во кои беа убиени тројца напаѓачи и еден припадник на косовската полиција.
Непосредно пред објавувањето на Министерството за одбрана на ОК, НАТО одобри распоредување дополнителни трупи на Косово.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека ваквата одлука е донесена како резултат на загриженоста на Алијансата поради растечките тензии на северот на Косово.
Истовремено, тој ги повика Белград и Приштина на итна деескалација, како и да се вклучат во дијалог, што е „единствениот начин за решавање на отворените прашања и постигнување решенија со кои се почитуваат правата на сите заедници“.
Во текот на вчерашниот ден, а по најавата на Столтенберг, сепак, од Вашингтон пристигна покана упатена до Србија – да се повлечат војниците распоредени во областа кон територијата на Косово, односно американскиот функционер изрази загриженост за „големото распоредување“, објавија медиумите.
Непосредно пред овие наводи, говорејќи за телефонскиот разговор со американскиот секретар Ентони Блинкен, Вучиќ рече дека ги негира тврдењата дека Србија вовела највисок степен на борбена готовност.
„Јас не го потпишав тоа, не е точно, немаме половина од силите што ги имавме пред 2-3 месеци“, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…