Се уште не смеете да говорите против Преспанаскиот и Охридскиот договор: Бајден ги продолжува вонредните мерки за Балканот!
Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.
„Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението Белата куќа.
Затоа, додава Бајден, неопходно е да се продолжат вонредните мерки прогласени со Извршниот декрет 13219 кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот, пренесува Срна.
Указот е веќе продолжен во 2021 година и може да биде продолжен доколку претседателот ја објави одлуката во Федералниот регистар и поднесе известување до Конгресот.
Секое лице, граѓанин или политичар, кој го спречува или пак претставува закана за спроведување на Преспанскиот договор или за Охридскиот рамковен договор ќе се најде на црната листа на САД, ќе му биде забранет влезот во САД и ќе му биде замрзнат имотот. Ова го предвидува декретот кој вчера вечер го потпиша претседателот на САД, Џо Бајден, а со кој се опфаќаат сите држави од регионот на Западен Балкан.
Декретот кој го објави Беата куќа е наречен „Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…
Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…