Се уште не e донесенa одлука дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилување на источната линија на НАТО

t

Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме.

Ова е одговорот од министерката за одбрана Славјанка Петровска на новинарско прашање дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилувањето на источната линија на НАТО-Алијансата.

На прашањето дали е испорачана помош во Украина, министерката Петровска информира дека се испорачува во повеќе фази.

– Се разбира дека заради специфичноста и доверливоста не го соопштуваме тоа, но ги соопштивме двете одлуки кога донесовме одлуки за тоа, изјави министерката за одбрана Петровска денеска на армискиот полигон Криволак, каде се одржуваше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

Денес променливо облачно време со сончеви периоди

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

И денеска можат да се подигнат готови…

Лични документи можат да се подигнат и…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ…

Се спомнува во книгата на Откровението како…

Отворени избирачките места, право на глас имаат…

Во 7 чаsот почна гласањето на првиот…