Се формира стручна комисија за случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци
Заменик-министерот за здравство формира стручна комисија за случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци. Докторите кои ќе го истражуваат случајот се повикани веднаш да почнат со работа. Комисијата ќе треба да утврди дали имало лекарски пропуст во третманот на детето кое пред неколку дена почина на пат кон Детската клиника во Скопје, откако претходно било однесено во болницата во Кавадарци.
Здравствениот инспекторат кој вршеше контрола не утврди пропусти во делот на нивните надлежности, но иницираше комисија која ќе го истражи и стручното работење на здравствените работници кои биле вклучени во лекувањето. Семејството претходно обвини дека лекарите недоволно сериозно ја сфатиле состојбата на детето и побараа истрага за случајот, од здравствените власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…