Се јавија и ВМРО-НП: Ќе поддржат уставни измени за европската иднина на државата

t

ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на политичките партии застапени во Собранието на Република Македонија и истакна дека во своите определби и програмски цели е за целосна интеграција на Македонија во НАТО, што е патем постигнато и го докажуваме со државните активности и Македонија – земја членка на Европската Унија, чиј процес е веќе започнат преку договорот за почеток на преговорите и започнатиот скрининг процес.

-ВМРО-Народна партија е меѓу првите политички партии која го поддржа и гласаше „ЗА” Европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ во јули оваа година. Во овој процес поддржуваме и придонесуваме со своето дејствување за побрзо и поуспешно завршување на, во прво време скринингот, а потоа и преговорите по поглавја. ВМРО-Народна партија активно ќе поддржи промена на Уставот во насока на пристапните преговори со ЕУ, со проширување и додавање во Уставот како на Бугарите, Хрватите и Црногорците така и на сите останати делови од народи кои ќе изразат волја и барање да бидат застапени во самиот Устав. На овој начин суштински ќе докажеме дека Македонија е демократска држава која ги почитува правата на народите кои се застапени и живеат во државата, а со тоа се почитуваат и Европските вредности за демократизација на општеството, соопштија од партијата.

Во однос на преговарачкиот процес и скринингот кој што е во тек, ВМРО-Народна партија предлага да во сите стручни комисии, тимови и делегации кои учествуваат во скринингот, а понатаму и во преговорите по поглавја, како членови да учествуваат и стручни лица од поединечни области кои ќе бидат предложени од политичките партии.

-На овој начин ќе се обезбеди и направи сеопфатен државен систем на стручни тимови кои одговорно и стручно ќе учествуваат во процесот на преговорите со ЕУ и со постигнување на конкретни резултати во своите области, стои во соопштението на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да се укинат приватните пензиски фондови, за…

ВМРО-Народна партија смета дека решението на проблемот…

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

ВМРО-НП го осуди нападот врз охриѓанецот кој…

Во современата цивилизација кон која сите ние…

Се јавија и ВМРО-НП: Ќе поддржат уставни…

ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на…