Се јави Ковачевски: Вели ,,Бехтел и Енка“ не сакаат договорот да биде достапен на пошироката јавност

t

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека Владата го крие договорот со „Бехтел и Енка“ затоа што инвеститорот побарал одредени делови од договорот да бидат деловна тајна недостапна за пошироката јавност.

Јавното претпријатие за државни патишта кое е потписник на договорот тежок 1,3 милијарди евра, вакви слични договори склучило и со други изведувачи.

– Се работи за договор каков што ЈПДП има склучено и со други изведувачи, овојпат се склчува договор за проектирање и изведба. Во тој договор, како и во секој друг, има ниво на доверливост. „Бехтел и Енка“ нормлано не сакаат такви деловни тајни да бидат достапни на пошироката јавност. Но, не значи дека со одредени процедури не е достапен.

Јас ги повикав Антикорупциска и Обвинителството да го погледнат договорот и целиот случај од почеток од крај.

Во моментот кога ЈО ќе го побара договорот, тие ќе го добијат. Секој договор има степен на доверливост и врз основа на тој степен тие се достапуваат до оние кои имаат пристап до такви договори. Така што, никој не крие ништо од никого – објасни премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…