Се јави Османи: Легитимна интервенција на косовските сили против криминалните структури на Вучиќ
Интервенцијата на косовската полиција на северот на Косово е во согласност со легислативата на Косово, истакна косовската претседателка Вјоса Османи.
-Суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово е неприкосновен, неотуѓив и неделив, затоа е заштитен со сите средства дефинирани со Уставот и со закон. (член 2 од Уставот)
Постапките на косовската полиција против нелегалните структури и криминалните банди на Вучиќ се легитимни, во исполнување на нивните уставни должности и во одбрана на сите граѓани, без разлика.
Одржливоста, долговечноста и успехот на овие акции зависат и од координацијата со сојузниците кои беа и останаа гаранти на нашиот суверенитет и независност.
Заедно, секогаш сме посилни! – напиша Османи на Фејсбук и Твитер.
Шефот на УНМИК, Каролина Зијаде, побара да се преземат итни чекори за намалување на тензиите на северот на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…