СЗО: Не се намалува интензитетот на судирот меѓу Израел и Хамас
Кејси го осуди големиот недостиг на храна на северот од енклавата и кажа дека некои здравствени работници сега бегаат во страв за своите животи откако издржаа неколку месеци во грижа за пациентите.
-Во Газа сум пет недели и не видов дека се намалува интензитетот на конфликтот. Пред неколку дена заминав во медицинскиот комплекс Насер и видов повеќе експлозии на само неколку минути возење, рече Кејси на видео брифинг на ОН, на кој тој зборуваше од Рафа, на југот на Појасот Газа.
Доктор Рик Пајперкорн, претставник на СЗО на окупираната палестинска територија, од Ерусалим изјави дека покрај повеќе од 23.000 убиени, има и речиси 59.000 ранети во Газа и дека има многу случаи на спинални трауми со згмечување, тешки изгореници , како и на ампутации какви што досега не видел, додавајќи дека голем број од најтешките повреди има и кај децата.
-Тоа ќе има долготрајни ефекти врз сите, рече Пајперкорн.
Хуманитарната канцеларија на ОН предупреди дека зајакнувањето на израелската офанзива во централниот и јужниот дел на Газа има „погубни последици“, дека бројот на цивилни жртви е зголемен, операциите за помош во централниот регион се сериозно отежнати и дека три големи болници се во опасност да бидат затворени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…