СЗО: Нов бран на корона ѝ се заканува на Европа

t

Изгледа дека нов бран на Ковид-19 би можел да пристигне во Европа со почетокот на постуденото време, додека експертите за јавно здравје велат дека заморот од вакцините и конфузијата за видовите на достапни вакцини веројатно ќе го ограничат опфатот.

Подваријантите на омикрон BA.4/5 кои доминираа летово сè уште претставуваат најголем дел од инфекциите, но и поновите подваријанти добиваат на сила.

Научниците следат стотици нови форми на омикрон, изјавија претставници на Светската здравствена организација (СЗО). Податоците на СЗО покажаа дека во Европската унија (ЕУ) има 1,5 милиони случаи, што е за осум отсто повеќе од претходната недела и покрај големото намалување на тестирањата.

Бројот на хоспитализирани во многу земји на Унијата, како и во Велика Британија, е зголемен во последните недели.

Минатата недела бројот на лица хоспитализирани со симптоми на Ковид-19 се зголеми за речиси 32 отсто во Италија, додека бројот на лица хоспитализирани на интензивна нега е зголемен за 21 отсто во споредба со претходната недела, покажуваат податоците собрани од независната научна фондација Гимбе.

Во истата недела, бројот на хоспитализации заразени со Ковид во Британија се зголемил за 45 проценти во споредба со неделата претходно. Вакцините прилагодени на Омикрон се достапни во Европа од септември. Постојат два вида вакцини за подваријантите BA.1 како и BA.4/5 кои се достапни како додаток на постојните вакцини од првата генерација.

Во Велика Британија зелено светло добија само вакцините приспособени на подваријантата BA.1. Европските и британските власти ги одобрија најновите вакцини само за одредени групи луѓе, вклучително и постари лица и оние со компромитиран имунолошки систем.

Експертите за јавно здравје велат дека ситуацијата дополнително се усложнува со „изборот“ на бустер вакцини, што може дополнително да ги збуни потенцијалните заинтересирани страни. Но, подготвеноста да се прими нова доза од вакцината, која за некои може да биде четврта или петта, слабее.

„За оние кои можеби се помалку загрижени, пораката дека сѐ е готово во комбинација со недостатокот на некоја голема рекламна кампања веројатно ќе ја намали вакцинацијата“, рече Мартин Меки, професор по европско јавно здравје на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Значи, генерално, се плашам дека покриеноста ќе биде прилично помала“, додаде тој. „Друг збунувачки факт е дека доста голем дел од населението можеби имало епизода на Ковид-19 во последните месеци“, рече Пени Вард, визитинг професор на Кралскиот колеџ во Лондон.

„Некои може погрешно да заклучат дека по примарната вакцинација и закрепнувањето од Ковид-19, ќе останат имуни, додава Вард.

Од 5 септември, кога беа воведени новите вакцини во ЕУ, до земјите членки се доставени околу 40 милиони дози вакцини произведени од Pfizer-BioNTech и Moderna, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Сепак, меѓу 1 и 1,4 милиони луѓе биле вакцинирани неделно во Европската унија во септември, во споредба со 6-10 милиони неделно пред една година, покажуваат податоците на ECDC.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Американската амбасада не сака да го коментира…

„Ги видовме извештаите и нема да коментираме…

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…