СЗО: Од 8.000 до 10.000 луѓе умираат од Ковид-19 секоја недела

t

Од 8.000 до 10.000 луѓе умираат од Ковид-19 секоја недела, рече епидемиологот Марија Ван Керхове.

Керхове, која го предводи тимот за следење на заразни болести на Светската здравствена организација, изјави дека целта на СЗО за вакцинирање на 70 отсто од населението во секоја земја не е постигната.

Според неа, вакцинацијата против Ковид-19 е основна.

„Кога размислуваме за вакцинација, треба да земеме предвид дека 30 отсто од луѓето во светот се уште немаат добиено ниту една доза“, рече претставникот на СЗО.

Ван Керхове изјави дека во моментов, секоја недела, од 8.000 до 10.000 луѓе умираат од Ковид-19 и дека е можно да се спречи. Таа додаде дека во моментов има повеќе од 500 подсоеви на варијантата омикрон кои циркулираат низ светот.

Според нејзиното мислење, Ковид-19 нема да исчезне, но постои надеж дека ќе заврши глобалниот режим на итна здравствена заштита што е во сила од 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…