Силен земјотрес со епицентар во Романија, почувствуван и во Скопје!

t

Силен земјотрес од 5,4 степени според Рихтер денеска ја погоди Романија.

Според податоците земјотресот се случил во 13 часот и 16 минути, на длабочина од 10 километри со епицентар во Станешти, Горј.

Земјотресот е почувствуван во Србија и во Македонија, а граѓаните јавуваат дека потресот го почувствувале во Белград, Нови Сад и Скопје.

Српските медиуми јавуваат дека во Србија владеела паника и дека зградите силно се нишале.

„Живеам во 18-катница, на 6-ти спрат не ми беше сеедно, можам да замислам како се се тресеше на врвот на зградата“, изјави за српски Телеграф жена од Панчево.

„Во куќата ми се тресеше се, па дури и фрижидерот. Се исплашив. Не се чувствувам добро“, вели една белграѓанка.

Жителите од Скопје, особено оние кои живеат во висококатници исто така го почуствувале земјотресот. Велат дека долго време се нишало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…

Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…

Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…

Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…

Силен земјотрес во Романија!

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според…

Романскиот премиер поднесе оставка

Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека…