Силен ракетен напад на Хамас врз Тел Авив: Одложена прес-конференцијата на американските сенатори!
Голем број ракети беа истрелани врз регионот на Тел Авив додека делегацијата на американски сенатори во посета на Израел се подготвуваше да одржи прес-конференција.
Сирените се активираа во Тел Авив, Холон и Рамат Ган, како и во Ришон Лезион и Беит Даган на југ, пренесува Тајмс оф Ирзаел.
Спасувачката служба на Маген Дејвид Адом соопшти дека засега нема извештаи за повредени, но тие продолжуваат да вршат претреси.
Прес-конференцијата во Тел Авив со двопартиска група сенатори, вклучително и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, сенаторот Бил Касиди, сенаторот Џеки Розен, сенаторот Мит Ромни и сенаторот Марк Кели – закажана за 19 часот по локално време е одложена бидејќи присутните се принудени да трчаат во засолништата за бомби.
„Сенаторите, новинарите и гостите на настанот во моментов се засолнети“, вели помошник на Шумер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОСАД објави: Убиeн е шефот на военото…
Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед…
Нетанјаху објави листа: За ова не може…
Додека израелскиот тим се подготвува да отпатува…
Папата Франциск ги повика Израел и Хамас…
Папата Франциск денеска повика на итна испорака…
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…
Бугарија го повика Хамас да го прифати…
Бугарија и неколку други земји го повикаа…