Силниот земјотрес предизвика материјална штета во Мостар, граѓаните возменирени: СÈ СЕ ТРЕСЕШЕ!

Земјотрес имаше денеска во Мостар во Босна и Херцеговина (БиХ) по што паднале карпи во дворовите на луѓето. Сеизмолошката служба на Сојузниот хидрометеоролошки завод објави дека земјотресот се случил во 10 часот и 29 минути, а јачината на земјотресот била 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Две училишни згради во Груде се евакуирани по земјотресот, но учениците по дваесетина минути се вратиле на настава.
Најголема штета е забележана во месноста Грудски Врил, каде огромна карпа се урна во дворот на семејна куќа. Во овој инцидент нема повредени. Пукнатини на ѕидови и поместување на ќерамиди се забележани и во неколку станбени згради.
„Добро се тресеше, беше доста силно, долго траеше“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.
И хрватските граѓани тврдат дека го почувствувале овој земјотрес.
Траеше 10-15 секунди, добро се тресеше, работите се нишаа“, се само дел од коментарите на луѓето од Хрватска.
Потресот го почувствувале и во Хрватска. Деновиве земјотреси имаше во Грција и Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…
Земјотрес рано утрово во Словенија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…
Во Мостар жена убиена од нејзиниот партнер…
Вечерва во Мостар, во Херцеговина, почина 39-годишна…
Силен земјотрес на Камчатка
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…
Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…
Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…