Објавено на:

Силниот земјотрес предизвика материјална штета во Мостар, граѓаните возменирени: СÈ СЕ ТРЕСЕШЕ!

t

Земјотрес имаше денеска во Мостар во Босна и Херцеговина (БиХ) по што паднале карпи во дворовите на луѓето. Сеизмолошката служба на Сојузниот хидрометеоролошки завод објави дека земјотресот се случил во 10 часот и 29 минути, а јачината на земјотресот била 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Две училишни згради во Груде се евакуирани по земјотресот, но учениците по дваесетина минути се вратиле на настава.

Најголема штета е забележана во месноста Грудски Врил, каде огромна карпа се урна во дворот на семејна куќа. Во овој инцидент нема повредени. Пукнатини на ѕидови и поместување на ќерамиди се забележани и во неколку станбени згради.

„Добро се тресеше, беше доста силно, долго траеше“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.

И хрватските граѓани тврдат дека го почувствувале овој земјотрес.

Траеше 10-15 секунди, добро се тресеше, работите се нишаа“, се само дел од коментарите на луѓето од Хрватска.

Потресот го почувствувале и во Хрватска. Деновиве земјотреси имаше во Грција и Турција. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Србија!

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…

Свлечиште кај Мостар однесе три автомобили во…

Вчера околу 18 часот и 30 минути…

Земјотрес утрово ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

Земјотрес од 6 степени ја погоди Кина,…

Во разорниот земјотрес што денеска ја погоди…

Земјотрес ја стресе Македонија утринава

Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Според…