Објавено на:

Силни експлозии се слушаат во Одеса вечерва

t

Во украинскиот пристанишен град Одеса, вечерва се слушнале три или четири силни експлозии кои доаѓале од запад, јави Би-Би-Си.

Дописникот на британскиот медиум добил информација дека украинскиот одбранбен систем соборил руски ракети истрелани од еден од неколкуте воени бродови што се наоѓаат во близина на брегот.

Тензиите растат во Одеса која е клучна стратешка цел за Москва. Во градот има полициски час кој почнува во 19 часот, а сирените за воздушен напад вечерва се слушале повеќе од еден час.

Според Би-Би-Си, имало и предупредувања дека руските бродови се препозиционирале како да се подготвуваат за напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…