Силно невреме со град и во Словенија!
Силно невреме придружено со обилни врнежи го зафати денеска западниот дел на Словенија и доведе до прекин на електричната енергија и поплави во некои делови од земјата.
Град со големина на јајце падна во Ајдовшчина и Штењело, јавува 24.ур. Пожарникарите интервенирале поради поплави на подрачјето на Томлин, Нова Горица, Сежана, Загорје об Сава, Лашко, Велење, Целје, Словенска Бистрица и Кунгота, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Силен дожд го погоди Копер, каде што беше поплавена улицата Прешернов, јави РТВ Словенија. Во Шмарје кај Копра ветерот однесе дел од покривот на училишната зграда, додава СТА.
Словенечката агенција за животна средина, поради очекуваните врнежи, издаде највисоко црвено предупредување за поголем дел од земјата. Невремето пропратено со врнежи, силни налети на ветер и град се придвижи кон долината Випава, Горишка и Идријск. Невремето денеска ја зафати и Истра, а над Ровињ се појави голема пијавица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
(Видео) Пратеник на СДС се качи на…
Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…
Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп
Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…
Невреме со силен дожд и град во…
Републичкиот завод за метеорологија на Србија издаде…
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…