Симонов: Власта ја претвори државата во инструмент за политичка репресија
Во објава на социјалните мрежи, членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, остро ја критикува актуелната власт, обвинувајќи ја за целосна узурпација на демократијата и легализирање на цензурата. Според него, државата се користи како средство за политичка репресија, дискриминација и медиумска контрола, со што се уриваат принципите на еднаквост и плурализам во општеството.
Добредојдовте назад во 2009 година. Партијата на власт е државата. Таа може да крои све. Кого ќе гледате на телевизија, кого ќе исклучи од медиуми, кои бројќи ќе ги пишува на анкетите, колку средства ќе бидат доделени ним, а колку на останатите. Абе ЦЕНЗУРАТА Е ЛЕГАЛНА, Орвел може да ви позавиди. Уставното начело на еднаквост демократскиот плурализам пепел е сторено, онака баш прогресивно евРопски!
Е сега, следам како ДУРИ и дел од кандидатите за градоначалници на ВМРО изјавуваат дека ова е тотално не фер политичка трка. Дечки, со изјава за узурпацијата која ја прави вашата партија (и сте свесни за истата), не се иземате од соучество и одговорност во истата. Од премиерот (врхушката што го крои планот) , до последен активист во кампања (која го следи планот) ова го правите заедно. Не може да си кандидат на партијата, да ги уживаш сите привилегии кои ги нуди од позиција на тоталитарна власт, да ја користиш целата нејзина репресивна спрега и да се оградуваш од тоа дека, ти стоиш настрана од сето тоа што таа го прави. Не не дечки, не оди тоа така.
Не може да си дел од системот, да го храниш, негуваш со сојот политилки активизам и на крај да се оградуваш од неговите девијации. Не може да ЈА поддржуваш власта, ама да се оградуваш од тоа дека ги поддржуваш нивните ботовски профили кои плукаат по се на социјални мрежи. Не може да ја поддржуваш власта и да стануваш функционер на нивните милијарди вложени во кампања, а да се оградуваш од претходните децениски криминали, тендер шеми, од најголемите историски задолжувања, од подарувањето 8 пратеници за промена на името.. Не може да го поддржуваш власта, а да се оградуваш од правењето притисоци на секој во твоето опкружување, заради политичка неистоимислеништво. Едноставно, ТИ си дел од СИСТЕМОТ креиран од ВРХУШКАТА која РЕПРЕСИРА.
Но нејсе, ми ја сваќате поентата за ова, да не должам. Користењето на джавата како инструмент од страна на партијата на ВЛАСТ, за изведување на отворени прото-фашистички зафати, од типот на класична ЦЕНЗУРА, ДИСКРИМИНАЦИЈА и МАТЕРИЈАЛНА РЕПРЕСИЈА, овде не ја гледам Левица како крајна цел, туку СДСМ. Сега ќе ви објаснам зошто.
На дистанца од година дена после парламентарните избори, ЗНАМ се претвори во ВМРО на батерии, (буквално ги вшмукаа и ги возат како дете камионче), нивното учество на локални избори е исто како и на претходните парламентарни (тогаш многумина не го препознаа, сега чинам го препознаваат), класично клиентелистички, да се закачи што може од позиција на власт, вработувања, директорски места, разни одбори и тоа е тоа. Тука сме, постоиме, ама ме нема никаде како некаква промена, еднакви на политичко ништо, идеологија што ни вреди колку работното место.
Парламентот покажа дека СДСМ можеби има најмногу пратеници, но не е најголема опозициска партија. За ВМРО, оваа постава на СДС е лесно решлива задача. Целото раководство се поранешни високи функционери, кои не баш чесно ги напуштија нивните функција, многу лесно со нив може да се маневрира. И тука се појавува Левица, на анкетите им удара силен шамар, гледаат неминовен раст и свесни се за опасноста од втор круг првпат да војуваат со Левица, особено за Град Скопје и скопските општини. Нив не им е проблем, дека од позиција на власт и како единствена десничарска партија (со милиарди од кредит и користење на државата за сопствена политичка промоција) имаат поголем рејтинг од Левица во моментот, туку се плашат од можноста во втор круг Левица да се појави (што ќе се случи) обединувачки фактор, за сите останати политички субјекти и на сите они кои им им дојде преку глава за година дена власт, и дека може да направи изненадување. Е тоа е стравот.
Погледнете колку „ударите“ врз Левица им се очајни изминативе месец дена. Во неможност да ги исплукаат пратениците, им објавуваат податоци од лични сметки (противзаконски добиени) и внимавајте ги обвинуваат за тоа што замале ПЛАТА ЗА СВОЈАТА РАБОТА. Епа тоа дечки, нема криминали, нема тендери, нема злоупотреби, нема национални предавства. Абе проблем е што на кредит Левица отплаќа канцеларии кои ги користи за работа. Е ова им е проблемот, паушалните обвинувањеа не им фаќаат маја кај народот, проѕирни се, некогаш не вреди ниту да им одговориш на истите.
И сега, оваа невидена политичка дискриминација, истиснување од медиуми, отворена цензура, главна цел на ВМРО Е ДА ГО СПАСИ СДСМ, затоа што СДСМ им се подобен, посакуван и потребен политички противник, за чие промашено владеење, што и да направат можат да кажат, видете СДС беа полоши. ВМРО не сака да се случи пасокизација на СДСМ затоа што така е неминовно соочување со една партија која ја градиме од ништо и без дамка.
Мое лично мислење дека со оваа НЕПРАВДА е најголема грешка на ВМРО уште пред да почне кампања. За првпат гледам кандидати на ВМРО кои велат ова е неправда кон Левица, гледам политички структури кои отворено велат ние не се согласуваме со идеолошките уверувања на Левица, но немате право ова да им го правите. Гледам се повеќе граѓани како оваа епска неправда им ги отвора очите и си велат: „ако од позиција на власт можат да прават вакви неправди на најсилната опозициска партија, тогаш што останува за нас“ и тука згрешивте.
Дури и мислам дека за првпат, голем дел од медиумите, при целиот притисок, токму оваа неправда ќе ги натера на многу поголема професионалност, коректност и објективност да го пренесат она што го правиме во кампања, во рамките на оној ограничен простор кој им го наметна ААВМУ.
А она во што сум сигурен и зашто сметам дека ова ви е најголема грешка, е тоа што одамна немам видено волкав жар да се распламти кај нашите членови и активисти, олкава желба и мотив да се надомести она што неправдата го наметна. И сигурен сум дека оваа кампања, борбата против неправдата наметната од неколку државни институции (велаам државни, затоа што Власта ја користи државата како инструмент која репресира), е многу поголем мотив, од клиентелистичките мотиви на нашите политички противници.
p.s. Официјално, кампањата не е започната, а партијата на власт прави промоции и митинзи, со истакнати бројќи, со истакнати слогани, со све.Прекршување на изборен законик по учебник. Секако ДИК иако му е обврска тоа нема ниту да го осуди, а камо ли да го санкционира. Зошто? – Затоа што како што кажавме, партијата на власт ја користи државата како сопствен инструмент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Симонов: Власта ја претвори државата во инструмент…
Во објава на социјалните мрежи, членот на…
Движење Слободни и независни: ВМРО-ДПМНЕ може да…
Движење Слободни и независни обвини дека изборите…
ГРОМ: Згрозени сме од последната одлука на…
Граѓанската опција за Македонија е згрозена од…
Левица: Иако Тошковски и Мицкоски целосно застанаа…
Иако министерот Тошковски и премиерот Мицкоски целосно…
Левица: Нема вода за стружани – има…
„Додека делови од Струга се оставени и…