Синдикатот на полицијата реагира: Заменик-директорот на БЈБ на партиски митинг му аплаудира на премиерот
Кога ќе се спомнат реформи во нашава држава Македонија, сите веднаш помислуваме ете дојде крајот на страдањава. И би било така, да ги нема оние кои мислат дека се над сите и само затоа што во моментот се наоѓаат на високи позиции, се им е дозволено. Одат дури до таму што си дозволуваат да не почитуваат нити наредби, нити телеграми. За нив не постои ни Министер ни закон, па си тераат по свое, па и светот да се преврти наопаку.
Еден таков е и нашиот “Оли Лукаро” од Прилеп. Не дека е наш, ама во МВР е. Министерот со цела доверба му дал место кај Директорот на БЈБ, ејј НАЈВИСОКО МЕСТО помошник на Директор, ама овој си го зел здраво за готово. Ај тоа што се однесува како “цар”, па се треба да му е на тацна, баткава игнорира и наредби од Министерот. За него не важат ни закони ни правилници, за него нема внатрешна контрола, за него не постои дисциплинска одговорност, стои во Фејсбук објавата на Синдикатот на полиција во Македонија – СПМ.
Синдикат на полиција во Македонија СПМ ги повикува министерот Спасовски, директорот на БЈБ Тасевски и Одделот за внатрешна контрола да го испитаат настанот кога високи полициски структури во МВР учествувале на настан и ка преставувале политичката партија СДСМ а со тоа го прекршиле член 168 од Законот за внатрешни работи каде е најстрого забрането припадник на МВР да преставува политичка партија. Станува збор за Помошник на Директорот на БЈБ за кримималистичка полиција О.Л и Виш полициски советник А.Џ како и командирот на полициско одделение Ропотово В.К. Бидејќи сметаме дека наведените го прекршиле кодексот на полициска етика и Законот за внатрешни работи бараме во рок од три дена внатрешната контрола да го расчисти случајот и за тоа да ја извести јавноста, велат од СПМ.
Целиот текст ви го пренесуваме во продолжение:
„Па така, последно, решил јавно да се појави на трибини пред некој ден и да промовира една ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА. Ни срам ни перде ни почитување од Министерот. Замислете на високи позиции во МВР без срам и перде ракоплеска на лидер на една партија. Ако ова не е преставување на партија тогаш најверојатно вратата на внатрешна треба да ја заковаме со клинци и запечатиме.
А толку гласно и јасно беше најавена од Министерот ЗАБРАНАТА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА и останати работи поврзани со партиски дејности. Човеков или не знае да чита или баш му е гајле за зборот на Министерот, за законот за внатрешни работи. Ако не знае да чита, може да слуша. Барем се надеваме дека е така, бидејќи и Министерот и Директорот на неколку наврати најавуваа дисциплинска одговорност… НАЈМАЛКУ за прекршување и непочитување на тој член од законот и колективниот. Ама кога е Оли “Лукаро” во прашање и Внатрешна контрола е изглед а и глува и слепа “Не гледам зло, не слушам зло”. Од не знам кај нас поарно нема, изгледа.
Додуша Оли не е сам. На такви собири не се оди сам. Има уште бааѓи такви како “Лукаро”, ама тие барем се појавуваат од време на време. Кога ќе им здожежи или почне да им се ниша фотељата, па мораат да покажат колку добри” војници” се , колку меко и добро можат да држат…говори. За професионализам, де. Еден од таквите е Вишиот полициски советник, во Прилеп го викаат “Џаферо”.
За таквите професионализам и партија се едно те исто, само прво доаѓа партијата, па после законот!!!
Но, по се изгледа дека со ваквите излети, не можат да сватат каква штета прават на Министерот. Ваквото нивно, нивно однесување е на штета на цело МВР. И ситниве полтрончиња земаат пример од големите во смисол “Кога овој се качил горе со партијава, оти не и јас???” И ете ти проблем- Оли “Лукаро” со заменичињата си направил своја војска и го гази делото и зборот на Министерот.
А пак од друга страна, чесниот полицаец глава не може да крене од притисоци, дисциплински, закани за тоа пусто партиско членство. Иако е уставно право и слобода, полицаецот не смее ни да членува, ни да подржува, па од страв дури и дома под ќебе не изговара партија. Ама за Оли наш “Лукаро” и неговата војска послушници тоа не важи. За него не постојат граници во рамките на МВР.
До кога Министерот ќе си дозволува ваков луксуз со неговите најблиски соработници? До кога едно ќе зборуваме, друго ќе бараме а трето ќе правиме? Или ќе ни остане попската “Слушај што зборувам, не гледај што правам!”.
Министре, или покажи им ја вратата на Внатрешна контрола или ние да им ја покажеме. Третата опција баш и не е добра, се споменуваа нешто како отказ на договор за работа и слично. Ама тоа само муабети, нема врска за овие нашиве нели?
Не си поп, Оли “лукаро”, полицаец си, без разлика какво звање носиш. И за тебе важи ЗВР и КД!!! Или ние може се лажеме дека си еден од нас?
И така Оли наш од Прилеп,”Џаферо” и командирката наша си чекорат “Силно и одлучно кон иднината”.
Ја повикуваме внатрешната контрола да преземе мерки против овие тројца непрофесионалци и да покаже и докаже дека внатрешна контрола не е само за полицајци и дека не работи само за неистомисленици и за тоа писмено да не извести како Синдикат.Ако не знае еве и помош член 168 став 1 од ЗВР.
РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА МОРА ДА ИМА!
И ТОА ТРЕБА ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ!
ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА мора да се врати!
Напомена: Реакцијата на СПМ е по повод реакција на повеќе наши членови од Куманово, Штип, Велес и Тетово кои во целост се залагаат за професионализам и отргнување на политичките партии од Полицијата!
Сите фотографии кои ни се пратени, се преземени од официјалната страница на една партија.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…