Синди Крафорд – сјајот на модниот оригинал
Светски икони – мода, филм, музика, стил(15)
Синди Крафорд – сјајот на модниот оригинал
‘’…Јас сум личност која со целосна посветеност го живее секој момент…
Тоа е мојата филозофија да се насладувам на моментот’’
‘’ Ја обожавам камерата пред мене.
Уживам и се радувам на една фото сесија пред добар фотограф’’
Неизмерно и заносно убава е Синди Крафорд. Зачудувачки згодна и идеално елегантна жена во светот на модата. Да, токму таква е Синди Крафорд. Инаку, таа е модел. Поточно, супер модел. И веднаш да кажам, мој фаворит помеѓу модните диви. Жареше и палеше на модните писти во 80-тите и 90-тите на 20-от век. Половина век убавина стои зад неа. Убавица и моден ангел, според чие лице, тело и целосен изглед, се создаваа современите критериуми за елеганција, шарм и убавина, составните елементи на аурата за супермодел. Титула што, заедно со Наоми Кемпбел(‘’Црната пума’’), Ел Макферсон(‘’Body’’ – ‘’Тело’’) и Линда Евангелиста(‘’Камелеон’’), заслужено ја доби во 90-тите години на минатиот век, никој, никогаш не може да и ја оспори или одземе.
Тие се девојките кои пред 35 години константно дефинираа што значи да си топ-модел. Со нив отпочна грозницата за супермодели, затоа штобеа супергламурозни, привлечни, паметни, способни. Синдиодамна го надмина светот на модата и како актерка, успешна претприемачка, сакана и почитувана сопруга, и посветена и среќна мајка, стана позната сама по себе. Во сите овие улоги се покажа детална, прецизна и педантна. Совршениот изглед, како манекенка и фото модел, го постигна со максимална посветеност и љубов кон професијата и голема дисциплина и невидена упорност кон исхраната и психофизичката рекреација. Едноставно таа е самоуверена, сигурна и моќна. Затоа и стана славна супер моделка, најплатена манекенка на своето време, голема заводничка и секс-симбол на 20 век.
Синди Крафорд е привлечна, убава, елегантна, згодна, со еден збор неодолива. Нејзе нè ѝтребаше многу за да се афирмира како супер модел. Работеше за најзначајните модни дизајнери и беше на насловните страници на бројните модни списанија. Синди е прв супер модел што се појавила на насловна страница на Плејбој.Таа докажа дека супер моделот мора да има повеќе од убавина за да биде повеќе од успешен во светот на модата и манекенството. Убавината, умот и особеноста беа клуч на нејзиниот успех. Таа има претприемачки дух и смисла за бизнис. Како млада, во 1995-та, се вљубува и мажи со машката икона Ричард Гир со кого после пет години брак, се разделува. Денес е во брак со успешниот бизнисмен Ренди Гербер, сопственик на ноќни барови, со кого има две деца.
Многу се прашуваат зошто Синди Крафорд е славна и успешна? Одговорот е, затоа што поседува гламур, знае што е слава и има ум. Започна со насловни страници на списанија(ги има околу 700), како што се Вог и Ел, продолжи со модни ревии за Шанел, Ралф Лорен и Долче и Габана, како и за останатите модни куќи, се појавуваше во рекламите на сите познати дизајнери, беше заштитно лице на брендови како Омега, Ревлон и Пепси, водеше емисија на ТВ, успешно лансираше серија календари со костими за капење, сними две видео касети за фитнес, има инвестирано во ланецот на кафулиња‚‚Fashion caffe“, како и рестораните„Planet Holywood“, оформи сопствена козметичка линија, која и носи голем приход, поседува и продуцентска куќа, и како таква денес е глобален бренд кој вреди стотици милиони долари. Да не заборавиме дека за цело време соработуваше со сите врвни фотографи, поточно уметници на фотографијата, како што се Питер Линдберг, Хелмут Њутн и Херб Ритц. Денес успешно води сопствена компанија за мебел и производи за уредување на домот.Затоа и не е само супер модел, туку и симбол за успешна жена и икона на стилот.
Толку е сигурна во себе и во тоа што го прави, што и советува: ‘’Моето животно мото и цел е да бидам постојано умствено и физички присутна во сето она што ми го носи денот, да имам сила да се соочам со секојдневните прашања, тешкотии, напорната работа, здодевните моменти. Мислам дека многу луѓе во денешницава сакаат да ја избегнат болката и трошат многу енергија на тоа како да ја избегнат личностасо која немаат пријатен разговор, а мојата животна филозофија е сосема спротивна. Мислам дека среќен и успешен е оној кој ништо не избегнува, туку се впушта во разговор и ситуации кои и не му се пријатни, но знае како од нив да го извлечепозитивното и навистина да ја согледа реалната слика.
Се гледа дека без оглед на славата и богатството, цврсто стои на земја. Тоа е и една од многуте причини зошто токму таа беше најплатена манекенка на светот, а сеуште е најпрепознатлива и најмногу фотографирана. Таа никогаш не беше слаба манекенка, а најмногу ја сакаат поради нејзината атлетски и убаво обликувана елегантна фигура, наспроти анорексичните девојки кои одат по манекенските писти. Таа беше на насловните страници токму поради убавото и уникатно лица и секси-младежот над усната. Синди секогаш изгледа модерно, грациозно и елегентно. И покрај тоа што има 56 години, таа е повеќе од секси. И понатаму изгледа како супермодел, врвен топ-модел на кој многу помлади манекенки можат да ѝпозавидат. Таасèуштееиконанаманекенството, бидејќиизгледазачудувачки фантастично. Едноставно таа е грација, една од најпочитуваните и најсаканитеlovemarks-икони во светот.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…