Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
Според регионалните медиуми и изјавите на лидерот на СНСД, Милорад Додик, кандидатот на владејачката коалиција во Република Српска, Синиша Каран, освоил најмногу гласови на повторените избори на дел од избирачките места каде денеска се гласаше за нов претседател на овој ентитет.
Повтореното гласање се одржа на 136 избирачки места во 17 општини и градови, откако Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги поништи резултатите од првиот круг на изборите, одржан на 23 ноември минатата година, поради утврдени неправилности во изборниот процес.

Според резултатите што ги соопшти изборниот штаб на СНСД, Каран освоил 218.481 глас, додека кандидатот на обединетата опозиција, Бранко Блануша, добил 209.200 гласови. Обединетата опозиција го кандидираше Блануша, професор на Електротехничкиот факултет во Бања Лука и претседател на Српската демократска партија (СДС).
Излезноста на повторените избори била повисока отколку во првиот круг. Право на глас имале нешто помалку од 85 илјади избирачи, а според податоците на Централната изборна комисија, гласале над 41 илјада граѓани.
Милорад Додик уште во вечерните часови на социјалната мрежа X му честиташе на Каран за победата, а подоцна пред новинарите изјави дека станува збор за убедлив триумф, со разлика од над десет илјади гласови.
„Ние го победивме меѓународниот фактор кој тука посеа неред и сараевската чаршија“, изјави Додик.
Од друга страна, Блануша индиректно го призна поразот, оценувајќи дека СНСД пред денешното гласање ги искористил сите расположливи ресурси за, како што рече, „купување гласови“.
„Наше е да извлечеме поука и да се подготвиме што подобро за изборите во октомври“, изјави Блануша.
Конечните и официјални резултати допрва треба да ги потврди Централната изборна комисија на БиХ.
Предвремените избори за претседател на Република Српска беа распишани откако Милорад Додик беше сменет од функцијата врз основа на пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција.
Додик беше осуден поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ. Новиот претседател на Република Српска ќе ја извршува функцијата до октомври, кога во рамки на редовните општи избори во БиХ повторно ќе се избира и претседател на овој ентитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…
Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…
Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…
Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…