Синоќа уапсени возачи под дејство на алкохол во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и во Охрид

t

Полицијата во одделни случаи денеска уапси неколку пијани возачи кои веројатно минале бурна ноќ бидејќи сите возеле во раните утрински часови денеска.

На улица Франклин Рузвелт во Скопје уапсен е И.Г.(41) од Скопје кој го возел својот „пасат“ со 1,66 промили алкохол во крвта.
На  улицата Ѓорче Петров во Куманово полицијата го запрела  А.К.(26) од Куманово и при контролата утврдила дека има1,77 промили алкохол. и тој завршил во полициска станица за да се отрезни.

И охриѓанецот Х.Е.(38) заврши во полициска станица откако на булеварот Туристичка возел со 1,50 промили алкохол во крвта.

На улицата Магистрален пат во Кичево, полицијата го повлече од сообраќај  В.А.(52) од Кичево кој управувал со возило со 2,11 промили алкохол.

Со 1,86 промили алкохол во крвта во 03.30 часот полицијата го запре и М.С (29) од Велес. Тој возел на велешката улица  Нада Бутникошарева.

И во Кавадарци утрово се возело во пијана состојба. Полицијата го уапси  Н.Ѓ.(23) од Неготино. Тој возел со 1,60 промили алкохол по улицата Шишка.

Сите уапсени ќе добијат и кривична пријава за  „безобѕирно управување со моторно возило”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа уапсени возачи под дејство на алкохол…

Полицијата во одделни случаи денеска уапси неколку…

Лидерите од Западен Балкан на самит во…

Лидерите од земјите од Западен Балкан, в…

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето…

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од…

Лукашенко: Тие сакаат да го прекројат светот…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е…

Тоневски потврди дека барал да се изгради…

Аутсајдерот на ДПМНЕ, кандидат за градоначалник на…