Синоќа уапсени возачи под дејство на алкохол во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и во Охрид
Полицијата во одделни случаи денеска уапси неколку пијани возачи кои веројатно минале бурна ноќ бидејќи сите возеле во раните утрински часови денеска.
На улица Франклин Рузвелт во Скопје уапсен е И.Г.(41) од Скопје кој го возел својот „пасат“ со 1,66 промили алкохол во крвта.
На улицата Ѓорче Петров во Куманово полицијата го запрела А.К.(26) од Куманово и при контролата утврдила дека има1,77 промили алкохол. и тој завршил во полициска станица за да се отрезни.
И охриѓанецот Х.Е.(38) заврши во полициска станица откако на булеварот Туристичка возел со 1,50 промили алкохол во крвта.
На улицата Магистрален пат во Кичево, полицијата го повлече од сообраќај В.А.(52) од Кичево кој управувал со возило со 2,11 промили алкохол.
Со 1,86 промили алкохол во крвта во 03.30 часот полицијата го запре и М.С (29) од Велес. Тој возел на велешката улица Нада Бутникошарева.
И во Кавадарци утрово се возело во пијана состојба. Полицијата го уапси Н.Ѓ.(23) од Неготино. Тој возел со 1,60 промили алкохол по улицата Шишка.
Сите уапсени ќе добијат и кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…