Сирски: Ситуацијата во регионот Харков е комплицирана, но украинските сили го држат фронтот
– Вооружените сили на Украина се во тешка ситуација поради борбите во регионот Харков, но добро им оди и можат да го задржат фронтот, изјави денеска нивниот врховен командант, генералот Олександр Сирски, цитиран од британските медиуми.
-Обидите на руските напаѓачи да ја пробијат нашата одбрана се спречени, напиша тој на апликацијата Телеграм.
Тој додаде оти ситуацијата е комплицирана, но дека „силите на Украина прават се за да ги задржат одбранбените линии и позиции и да му нанесат порази на непријателот“.
Русија започна нова офанзива од своја територија против североисточниот украински регион, заканувајќи се дека ќе отвори нов фронт во 27-месечната војна. Вчера Москва соопшти дека освоила пет села, а Киев соопшти дека ги одбива нападите и се бори за контрола на тие села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…