Сите кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112!

t

ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро – да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно

Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.
Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. ДЗС и Полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира: преку нивни луѓе да им достават што им е потребно.


Инаку, медиумите, како и ЦУК, УХМР, а и другите служби во државата, ги информираа граѓаните секојдневно за очекуваните врнежи од снег векендов, што е препорачливо да се има предвид при севкупното планирање на викендско патување и престој во убавите планински предели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски државјани уапсени во Македонија, криумчареле кафе,…

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален…

Сестрата што изнесуваше цитостатици од Онкологија доби…

Медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ е…

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…