Сите по стапките на функционерите: Издадени 355 лицеци за фотонапонски централи за 14 месеци

t

Во Македонија постои се поголем интерес за инвестиции во обновливи извори. Регулаторна комисија за енергетика сооопшти дека за 14 месеци има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава. Само во првите два месеци од оваа година во  државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори, кои добија лиценци за работа од РКЕ.

Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Според Бислимоски со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

Во 2022 година, РКЕ издала лиценци за вкупно 267 централи, што е речиси двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години. Од 2017 до 2021 година издадени се 146 лиценци.

 Бислимовски пред неколку дена не огдовори на прашањето на Инфомакс дали има нелојална конкуренција со оглед на тоа што функционерите ги планираат идните чекори во објаста на енергетиката кои ќе ги преземе државата, додека останатите компании кои немаат блиски врски со власта таквите информации. Според него тоа што продаваат електрична енергија на слободниот пазар е доволно за да не се наруши конкуренцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ да соработува за да избегне енергетска…

Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…

Шпанија ни дава грант од над 760.000…

Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…

Регулаторната комисија донесе одлука со која се…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…