Шпанија ни дава грант од над 760.000 евра – Еве за што ќе се користи!
Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната владина седница ја прифати Информацијата за обезбедени грант средства за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување.
Станува збор за грант средства во рамки на Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, поддржани од Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија, во вредност од 765.158,00 евра.
Реализацијата на активностите предвидени со грант средства е поделена во неколку фаза. Првата фаза предвидува идентификување на локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки. Потоа втората фаза опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, а третата фаза предвидува подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки.
Употребата на ваквата технологија Пловечки фотоволтаици се користи во неколку земји од Европа, како на пример Шпанија и Белгија, а изведените пловечки соларни постројки се главно искористени во Секторот за наводнување и управувани од соодветните организации за наводнување, што му овозможува на земјоделскиот сектор да биде независен и поодржлив.
Преку овој проект, како министерство, дополнително вложуваме во развој и модернизација на системот за наводнување на земјоделското земјиште, директно помагајќи го производството на секој еден земјоделец, велат од Владата на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…