Сите членки на СБ на ОН, освен САД, повикаа на итен прекин на огнот во Газа
Сите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, освен САД, на прес-конференција повикаа на итен прекин на огнот во Газа и изразија загриженост поради „намерно предизвиканиот“ глад во палестинската енклава.
„Изразуваме длабока загриженост поради податоците за гладот во Газа“, изјави заменик-постојаниот претставник на Гвајана во ОН, Тришал Персо, и истакна дека ова е „прв пат гладот официјално да биде потврден во регионот на Блискиот Исток и дека секој ден се повеќе луѓе умираат од неухранетост, претежно деца“, јави Си-Ен-Ен.
На подиумот ѝ се придружија претставници на Словенија, Алжир, Кина, Данска, Франција, Грција, Пакистан, Панама, Јужна Кореја, Русија, Сиера Леоне, Сомалија и Велика Британија.
„Ова е криза предизвикана од човекот, иако употребата на глад како оружје во војната е строго забранета со меѓународното хуманитарно право“, рече Персо.
Заменик-постојаниот претставник од Словенија, Ондина Дробиќ, додаде дека тие повикуваат на прекин на огнот во Газа и ослободување на сите преостанати заложници, Израел да ја отвори Газа за хуманитарна помош и да се откаже од плановите за инвазија и окупација на градот Газа.
„Хуманитарната криза мора да се реши без одлагање и Израел мора да го промени курсот“, рече Дробиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите членки на СБ на ОН, освен…
Сите членки на Советот за безбедност на…
„Се подготвувале да го преземат Гренланд“: Огромен…
Данската влада ги повика американските вршители на…
Вучиќ: Србија е определена за развој на…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес се сретна…
Приходите од царините на Трамп би можеле…
Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, изјави…
Русија го повикува Израел да преземе итни…
Русија го повикува Израел да преземе итни…