Сијарто: Најголемо проширување на ЕУ за време на унгарското претседателство

t

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, порача дерка за време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската Унија досега“.

Сијарто додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“.

Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји вештачки да се врзуваат со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“, рече Сијарто во Брисел.

Тој додаде дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, а ќе им помогне и на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да почнат важни преговори.

ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.

Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Српски Курир: Се подготвува воен сојуз меѓу…

Српски Курир ексклузивно дознава дека наскоро се…

Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…

По повод трагичниот пожар во дискотеката во…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…

Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…