Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блискиот Исток

t

Меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонството на христијаните на Блискиот Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и Сирија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел рекол дека кризата на Блискиот Исток е прва точка на дневниот ред на состанокот, имајќи ја предвид опасната ситуација во таа област која претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

„Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обновување на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции“, истакнал Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски Курир: Се подготвува воен сојуз меѓу…

Српски Курир ексклузивно дознава дека наскоро се…

Политико: ЕУ размислува да ја лиши Унгарија…

Виктор Орбан е единствениот лидер кој се…

Костадинов: Патување во еден правец до Унгарија…

Патување во еден правец до Унгарија на…

Политико: Унгарија ги блокира безбедносните гаранци на…

Унгарија го блокираше нацрт документот за безбедносни…

Сијарто: И Уангарија го преиспитува своето учество…

Унгарија исто така го разгледува своето идно…