Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од Русија за Унгарија и Словачка е координиран од Брисел
Министерот за надворешни работи и надворешни економски односи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека е потврдено дека прекинот на транзитот на нафта од Русија за Унгарија и Словачка бил координиран од Брисел.
Настаните и моите преговори во последните денови го потврдија моето чувство дека ова е процес координиран од Брисел – рече Сијарто, говорејќи на фестивалот што го организира колеџот „Матиаш Корвин“.
На праѓањето дали министерот дали мисли дека Брисел му наредил на Киев да го забрани транзитот, Сијарто потврди дека мисли дека е така.
Според неговите зборови, Европската унија „не можела да се помири со фактот дека Унгарија и покрај сите притисоци не се откажува и ја продолжува својата политика со цел воспоставување мир“.
ЕУ е многу слаба, но не толку слаба за да не може да влијае на земјата кандидат, доколку го загрози снабдувањето со енергија на две земји членки – додаде министерот.
На 5 декември 2022 година, како дел од санкциите против Русија, Европската комисија ја забрани испораката на руска нафта по морски пат до земјите на ЕУ, но Унгарија и Словачка го обезбедија правото да добиваат руска нафта преку гасоводот до крајот на 2025 година. Оваа клаузула предизвика активно противење од Европската комисија.
На 17 јули Украина го суспендираше транзитот на нафтата на компанијата „Лукоил“ преку своја територија кон Унгарија и Словачка бидејќи оваа компанија беше ставена на црната листа на Киев. Снабдувањето со енергија на овие земји од Русија се одвива преку гасоводот „Дружба“, кој минува низ територијата на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…